Macedonian Human Rights Movement International
MMDChP finansira otvoranje na Makedonski kulturen centar vo Pirinska Makedonija
Соопштение за медиумите

ММДЧП финансира отворање на Македонски културен центар во Пиринска Македонија


Македонското меѓународно движење за човекови права гордо информира дека го финансиравме отворањето на македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ во Горна Џумаја (градот преименуван во „Благоевград“ од Бугарија) во Пиринска Македонија. Официјална церемонија ќе се одржи на 30 октомври 2022 година.

Културниот центар ќе го управува Македонското здружение за заштита на основните индивидуални човекови права, организација која се залага за правата на угнетуваното македонско малцинство во Бугарија. Здружението ќе продолжи да добива финансиски средства од Македонското меѓународно движење за човекови права.

Димитар Ковачевски, „премиер“ на режимот на власт во Република Македонија, вети дека ќе финансира отворање на македонски културен центар во Пиринска Македонија по протестите во кои беше осуден неговиот режим заради отворањето на бугарски клуб во Битола именуван според озлогласениот бугарски соработник на нацистите и воен злосторник Ванчо Михајлов, со кој се глорифицира нацизмот.

Клубот беше отворен на барање на бугарската Влада - и на Европската Унија - која продолжува да ги задоволува бугарските јавно декларирани цели да се избрише македонскиот етнички идентитет, култура историја и постоењето на големото македонско малцинство во Бугарија, како услов за Бугарија да го крене своето вето за приемот на Република Македонија во ЕУ.

Како што и се очекуваше, режимот не го исполни „ветувањето“ и одбра да продолжи да им помага на Бугарија и Грција да го задушуваат македонскиот идентитет и човековите права низ Балканот.

ММДЧП ги повикува организациите за заштита на човековите права, медиумите, новинарите, политичките партии и сите што се навистина заинтересирани да ги бранат човековите права да го осудат систематското кршење на правата на Македонците. Ве повикуваме, како набљудувачи и поддржувачи, да присуствувате на церемонијата на 30 октомври. Подетални информации ќе бидат објавени дополнително.

Можете да донирате за македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“ и/или за бројните други проекти на ММДЧП за заштита на човековите права преку оваа страница - https://mhrmi.org/donations. Македонците се соочени со најсериозната закана за нашиот идентитет - и постоење како Македонци - во скорешната историја. Дејствувате веднаш.


Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, instagram.com/MacedonianHumanRights #НашетоИмеЕМакедонија