ММДЧП бара итен крај на анти-македонските преговори со Бугарија
Во својата кампања за културолошки геноцид против Македонците, Бугарија продолжува да бара бришење на македонскиот идентитет, историја, култура и јазик, во замена за кревање на ветото за кандидатурата на Македонија за членство во Европската Унија.
Откако виде колку успехот имаше и колку западна поддршка доби Грција за нејзините слични барања за присилна промена на името со многу навредливото име „Северна Македонија“ во замена за укинување на ветото на кандидатурата на Македонија за членство во НАТО, Бугарија реши да ги имитира грчките тактики.
Конкретно, условите на Бугарија вклучуваат: Македонија да се откаже од постоењето на Македонците во Пиринска Македонија (област анектирана од Бугарија во 1913 година каде Македонците се големо меѓународно признато малцинство), потоа иронично и нелогично вклучување на Бугарите во Уставот на Македонија и покрај тоа што Бугарите никогаш не биле присутни во Република Македонија; да кажеме дека Македонците „никогаш не постоеле“ и се „вистински Бугари“ (и покрај тоа што Бугарија го присвојуваше македонскиот идентитет при создавањето на сопствениот национален идентитет); натамошно препишување на историјата за да се избрише секој спомен на масовните убиства и прогонот на Македонците од страна на Бугарија; отстранување на сите спомени за сојузот на Бугарија со нацистичка Германија за време на Втората светска војна и нејзината окупација на Македонија која ја вклучуваше депортацијата на повеќе од 7.000 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка во Полска; и барање македонското малцинство во Албанија, и покрај тоа што е официјално признато малцинство од албанска страна и на меѓународно ниво, одеднаш да биде признато како „бугарско“ малцинство. Сето ова во замена за поддршката на Бугарија за членството на Албанија во Европската Унија.
Западот го осуди само препишувањето на еврејската историја, но не и на македонската историја, а не ги осуди ниту другите барања - наместо тоа, Западот целосно ги поддржува и овозможува условувањата на Бугарија. Тоа не е изненадувачки, со оглед на долготрајното соучество на Западот во геноцидот и културолошкиот геноцид врз Македонците, западната поддршка на геноцидот на Израел во Палестина и нивните војни против други земји, како и западната интервенција и масовните убиства низ целиот свет.
Иако „меѓународниот поредок базиран на правила“ беше јавно и јасно разоткриен како западна измама - факт што го призна и канадскиот премиер Марк Карни за време на неговиот говор на Светскиот економски форум на 20 јануари 2026 година - македонските политичари продолжуваат да ја докажуваат својата понизност и потчинетост на Западот, прво со присилната промена на името во полза на Грција, а сега и со преговорите со Бугарија.
За да ги наметне своите политики, вообичаена западна тактика е или да инсталира марионетски режими во целните земји или да врши контрола врз нивните влади. И едното и другото се случи во Македонија.
Како што им беше директно укажано на претседателката на Македонија, Гордана Силјановска, премиерот Христијан Мицкоски и сите политичари, Меѓународното Македонско Движење за Човекови Права го повторува своето барање Македонија веднаш и трајно да ги прекине сите преговори со Бугарија и да ја поништи присилната промена на името и сите анти-македонски договори. Упорното одбивање од страна на македонската Влада да ги преземе овие дејствија дополнително ја зацврстува нејзината улога како доброволен учесник во пропаста на Македонија.
Забелешка: ММДЧП е против членството на Македонија во ЕУ и НАТО, бидејќи овие организации очигледно ги газат нивните „вредности за ширење на демократијата и човековите права“.
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, instagram.com/MacedonianHumanRights #НашетоИмеЕМакедонија
