

"J'oublie" - паролата која канадските политичари им ја наметнуваат на...
Објавено во:
The Hill Times
Eurasia Review
Politically Speaking
Заборавете на “Je me souviens” - пораката од автомобилските таблички во Квебек која на француски значи „се сеќавам“ (и никогаш нема да ја заборавам нашата историја, традиција и идентитет. Канадските политичари и ја наметнуваат паролата "J'oublie" (буквално преведено - заборавам) на една група Канаѓани. И притоа прават се што е во нивна моќ да и забранат на оваа група да го користи своето име, да го изразува својот идентитет и да ја слави својата историја. Која е таа група?
Пред да ви кажам, замислете вакво нешто да ви се случува на вас.
Второ, замислете да ги слушате канадските политичари како на дебати, на предизборни собири, при секоја можност што ќе им се укаже, ви велат дека „ги бранат човековите права“.
Не, нивната цел е да ја освојат или задржат власта, дури или особено ако тоа значи дека притоа ќе и се додворуваат на една друга група Канаѓани, чија цел е да ја лишат оваа првата група од нејзините најосновни човекови права.
Дали ви е важно која е етничката група која е изложена на ваков удар? За жал, за политичарите, новинарите, активистите, а веројатно и на вас, и тоа како им е важно.
Јас сум Македонец. Многумина од вас веќе загубија интерес (треба да се запрашате зошто мислите дека една цела етничка група не ја заслужува вашата поддршка). Но ние сме навикнати на тоа. Навикнати сме да не наѓаат и да не оставаат на цедило.
Ќе ви повторам уште еднаш - замислете ова да ви се случува на вас.
Македонското име беше брутално и присилно сменето. Македонскиот идентитет се редифинира. Македонската историја се препишува - а сето тоа со цел да се задоволат барањата на канадските (всушност, американските) „стратешки партнери“ Грција и Бугарија, и нивната декларирана цел - да, јавно декларирана цел - да се негира постоењето и прогонувањето на големите македонски малцинства во рамките на нивните граници. Без бришењето на се што е македонско, Грција и Бугарија немаше да го дозволат (непотребниот и непобаран) прием на Македонија во НАТО и ЕУ.
Канадските политичари ова лажно го претставуваат како „евро-атлански интеграции“, бидејќи нивните надворешно-политички ментори од САД им велат да го прават тоа.
Немојте да се лажете. Канадските партии немаат своја надворешна политика. Тие немаат лидери. Тие немаат право да зборуваат за човековите права, не додека не прогласат независност од САД и особено не додека не почнат сериозно да се залагаат за почитување на основните човекови права. Треба да го направат макар најосновното нешто - да дадат една изјава во поддршка на правото на една етничка заедница да постои.
Бил Николов,
Претседател на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права
twitter.com/BillNicholov