Придружете ни се во клучната борба за нашиот опстанок – Придружете се уште денес кон Македонскиот Фонд за Човекови Права
Придружете ни се сега – донирајте тука
Нападите што имаат за цел да нè уништат не престануваат. Борбата за нашиот опстанок – за тоа што отсекогаш сме биле - Македонци – не била на толку критично ниво во поновата историја.
Принудната промена на името на Македонија и преговорите со Бугарија водат кон губење на нашето име, идентитет, култура, историја и јазик. Се шири кршењето на човековите права на Македонците, како во деловите на распарчената Македонија, така и ширум светот.
Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права (ММДЧП) ја предводи борбата за одбрана на Македонија и Македонците уште од своето основање пред 40 години. Придружете ни се сега.
100% од вашата донација оди директно за клучни проекти поврзани со човековите права. Погледнете ја листата на наши иницијативи подолу. За разлика од огромното мнозинство (веројатно сите) други непрофитни и хуманитарни организации, сите наши административни трошоци ги покриваат членовите на Управниот одбор – така што целата сума од вашата донација завршува точно таму каде што е најпотребна.
Станете член на Македонскиот Фонд за Човекови Права. Донирајте 10 долари месечно, еден долар дневно, одберете едно од нивоата на спонзорство наведени подолу, или пак донирајте износ согласно вашите можности. Знајте дека со тоа ќе дадете значаен придонес во борбата за нашата македонска кауза.
Без разлика дали донирате како поединец, организација или преку вашата компанија, можете да изберете дали вашата донација ќе биде јавно признаена (или ќе останете анонимни). Вашето име може да биде истакнато во нашите рекламни материјали, промоции, соопштенија за јавноста, настани, публикации, на нашата интернет страница, на социјалните мрежи, во печатените материјали и во кампањите што ги водиме преку електронска пошта. Компаниите ќе добијат потврда за целосниот износ на нивното спонзорство, која може да се користи за даночни одбитоци.
Нивоа на спонзорство (за поединци, организации и компании)
Бронзено: 500 долари
Титаниумско: 1.000 долари
Сребрено: 5.000 долари
Златно: 10.000 долари
Платинесто: 50.000 долари
Дијамантско: 100.000+ долари
Донирајте тука, e-transfer info@mhrmi.org, испратете чек на адресата подолу или јавете ни се на 1-416-850-7125.
Придружете се кон борбата за нашиот опстанок. Нашето име е Македонија. Ние сме Македонци. Сега е нашето време.
Нашите активности вклучуваат:
- Клучната кампања „Нашето име е Македонија“, преку која бараме и се бориме за враќање на името на Македонија, прекин на преговорите со Бугарија и поништување на сите антимакедонски договори;
- Финансирање на канцеларии за човекови права и културни центри за Македонците во Егејска и Пиринска Македонија, Мала Преспа, Голо Брдо, Гора и Јабука, што доведе до огромен пораст на граѓанскиот активизам и барањата за повеќе човекови права;
- Финансирање и отворање училишта на македонски јазик низ целата поделена Македонија;
- Успешна одбрана во судски постапки покренати од грчки и бугарски националисти против македонски организации, како што се Центарот за македонски јазик во Егејска Македонија и Македонската алијанса за европска интеграција во Албанија и покренувањето тужби против тие што напаѓаат Македонци;
- Повеќе од десетина победи пред меѓународни судови, вклучително и пред Европскиот суд за човекови права, со цел обезбедување и гарантирање на човековите права за Македонците, борба за враќање на името на Македонија, како и заштита и слобода за македонските активисти за човекови права и политичките затвореници;
- Финансирање македонски културни фестивали, комеморации, протести и собири низ целата поделена Македонија, со цел промовирање на нашето македонско име, идентитет и човекови права;
- Лобирање и средби со странски шефови на држави, министри за надворешни работи, дипломати, политички партии и организации за човекови права, со што е обезбедена значителна поддршка за Македонците;
- Присуство и учество на конференции за човекови права организирани од Обединетите нации, европски институции и други меѓународни тела, со што многу се зголеми информираноста за тешката положба на Македонците;
- Финансирање успешни изборни кампањи за Македонци во Албанија, Грција, Бугарија, Србија и Косово, за подобро застапување на македонските човекови права – вклучително и изборот на првиот Македонец во албанскиот парламент;
- Поддршка за македонските активисти за човекови права и политичките затвореници кои се лишени од слобода поради нивното залагање за македонските права;
- Финансирање медиуми – вклучително телевизиски и радио станици и емисии, весници, книги и публикации – за Македонците низ поделената Македонија, на кои им е оневозможен пристапот до медиуми исклучиво поради тоа што се Македонци.
Придружете ни се сега – донирајте тука
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, instagram.com/MacedonianHumanRights #НашетоИмеЕМакедонија
