

Придружете ни се во раскинувањето на илегалниот, наметнат договор за преименување на Македонија
Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права отпочна нова кампања со која бараме од политичарите во Република Македонија да се обврзат дека итно ќе го раскинат анти-македонскиот „Преспански Договор“. Секој политичар кој ќе ви тврди дека било „комплицирано“ да се раскине оваа илегална и наметната одредба е или неспособен или соучесник во принудното менување на името, идентитетот и историјата на Македонија и Македонците.
Низ македонските медиуми и социјални мрежи се шират нашите повици со пораката - „Илегален закон не е закон. 'Преспанскиот договор' може лесно да се раскине. Барајте тоа да се случи. Политичарите мора да го слушаат народот - ако сакаат да ги гласаме“.
###
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) ктивно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. ММДЧП бара да се почитуваат македонското име, идентитетот и човековите права на угнетените Македонци низ Балканот. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, instagram.com/MacedonianHumanRights, #НашетоИмеЕМакедонија