

Канадската дволичност и отворено промовирање на нацизмот
Што е првата мисла што ви дојде на ум додека пратениците во канадскиот Парламент му дадоа стоечка овација на украински нацистички ветеран од Втората светска војна (настан кој е резултат на канадската доброволна слепа послушност во спроведување на американската надворешна политика).
Можевте ли да помислите вакво нешто да се случи во канадскиот Парламент? Доколку ја следевте канадската политика во изминатите неколку децении, одговорот е да, пред се поради „доброволното слепило“ што го наведов погоре.
Поради оваа одвратна сцена, еврејски организации побараа, и со право добија, јавно извинување (проследено со вообичаеното канадско префрлање на политичката вина и негирања“.
Но што се случува кога Канада учествува во нацистички напади врз етничка група кои се спроведуваат денес?
Одговорот, согласно канадската надворешна политика, е дека тоа зависи од етничката група. На крајот канадските политичари ќе се свртат кон нивните американски газди кои ќе решат каква ќе биде јавната реакција и, уште поважно, дали оваа активност ќе продолжи.
Со децении, Канада прогласува една етничка група за одвишна и е озлогласена по тоа што води политика за нејзино бришење.
Групата за која што зборувам се Македонците.
Канада даде целосна поддршка за анти-македонските постапки на Грција и Албанија (кои меѓу другото вклучуваат и присилно преименување на Македонија во крајно навредливото име „Северна Македонија“ и терористички напади и убивање на Македонци од страна на многу јавни нацистички елементи). Канада сега ги поддржува бугарските барања (повторно со отворено нацистички елементи) Македонија да се откаже од големото македонско малцинство во Бугарија и од постоењето на македонската нација, идентитет, јазик, историја и културата во целина; ревизија на македонската историја со цел да се негира дека Бугарија била сојузничка на нацистичка Германија и ја окупирала Македонија за време на Втората светска војна, дека извршила масовни убиства и ужасни злосторства врз Македонците, вклучително и протерувањето на 7,000 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка во Полска; и дека Бугарија треба да се ословува како „ослободител“ а е не како окупатор на Македонија - сето тоа со цел Бугарија да го крене своето вето за македонското членство во ЕУ и во интерес на „евро-атланската интеграција“ (во превод: натамошно цементирање на американската хегеномија).
Каде е канадското извинување за Македонците. И уште поважно, кога ќе се смени канадската политика?
Бил Николов, претседател
Македонско меѓународно движење за човекови права
twitter.com/billnicholov