Macedonian Human Rights Movement International
Kazhete im na kandidatite na kanadskite izbori bez izjava nema da ja dobijat nashata poddrshka
Соопштение за медиумите

Кажете им на кандидатите на канадските избори, без изјава, нема да ја добијат нашата поддршка


Посетете ја страницата mhrmi.org/act/canadian-election за бргу и лесно да испратите порака до канадските политички водачи и кандидати на изборите со која ќе им укажете дека ќе го загубат гласот на канадските Македонци доколку ПРВИН не го осудат принудното преименување на Македонија.

Одете на mhrmi.org/act/canadian-election веднаш за да ја испратите следната порака:

Наслов
Од вас зависи дали ќе ги загубите гласовите на канадските Македонци - а со тоа и изборите

Текст
Дали јавно ќе ја осудите промената на името, идентитетот и историјата, кои брутално ни се наметнуваат на нас, Македонците? Ако да, ви благодариме, и со задоволство ја очекуваме вашата порака со која ќе ни изразите полна поддршка. Ако вашиот одговор е не, тогаш ќе го загубите гласот на Македонците во Канада, кои се огромна гласачка база, особено во пошироката област на Торонто. Со тоа вие, во овие неизвесни избори, и вашата партија продолжувате да им се додворувате на тие чија цел е на Македонците да ни ги ускратат нашите најосновни човекови права. Дали ќе почнете навистина да ги браните човековите права, како што наводно се залагате, а со тоа и да ги добиете гласовите на целата наша обединета и силно мотивирана заедница? Или ќе продолжите да ловите гласови на ситно? Од вас зависи дали ќе го загубите гласот на Македонците во Канада, а со тоа и изборите. Ако веќе не сте го прочитале, погледнете го писмото на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права, објавено во Хил Тајмс на 15 септември. Ви благодариме.