
СМК - Канада му честита на ММДЧП за успешното лансирање на кампањата "НАШЕТО ИМЕ Е МАКЕДОНИЈА"

Светски Македонски Конгрес - Канада сака да потсети дека на референдумот оддржан на 8-ми септември, 1991 година, со 75% од гласачите, огромно мнозинство од 95% гласаа за независна, слободна и суверена Македонија.
Името на државата содржи само еден збор - Македонија, така што никакви додавки или придавки не се дозволени. Македонците во светот бараат безусловен прекин на преговорите за името и членството во Обединетите Нации да продолжи под нејзиното уставно име - Република Македонија.
Цената за влез во ЕУ и НАТО не треба да бидат македонското име и македонскиот идентитет. Македонија мора да ги прекине преговорите за името, идентитетот и ДНК.
Ние сме Македонци, не Грци, не Срби, не Бугари, не Словени. Нашето име е Македонија.
###
Цели на Светскиот македонски конгрес - Канада се: (1) Заштита и афирмација на македонската етничка припадност, култура, јазик, историски и државен идентитет, континуитет, наследство и духовно и верско уверување; (2) Промовирање и поттикнување на почитување на човековите права и основни слободи за Македонците во сите делови на Македонија и во светот; (3) Заштита и афирмација на целите и принципите на Обединетите нации; (4) Промоција на билатерална соработка помеѓу Канада и Република Македонија за сите прашања од заеднички интерес.
За повеќе информации: contact@wmc-canada.com, www.wmc-canada.com, twitter.com/WMCCanada.