Macedonian Human Rights Movement International
Македонско друштво "Илинден”, Tирана - Излезе од печат разгледница со народни носии на Македонците од Албанија

Narodni Nosii Ве известуваме дека излезе од печат разгледница со народни носии на Македонците од Албанија, благодарение на финансиската помош на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) со седиште во Торонто, Канада. Разгледницата со народни носи на македонско национално малциство во Албанија содржи слики на кица облечени во народни носи од Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и Врник. Ваква разгленица излегува за прв пат и претставува авторско дело на Никола Ѓурѓај, преседател на Македонско друштво "Илинден” - Тирана.

Кај Македонците во Торонто, Канада најдовме искрени соработници и борци за македонското дело. Без нивната финансиска поддршка, разгледницата со народни носи на Македонците во Албанија немаше да биде испечатена, за што искрено се заблагодаруваме Сакаме да веруваме дека примерот на ММДЧП ќе биде следен од други македонски организации од целиот свет. Финансиска помош ни дава можност и сила и во иднина достоинствено да ја продолжиме праведната борба за македонската национална кауза. Разгледницата со народни носии на македонско малциство во Албанија, ќе се дели низ Албанија но ке се дистрибуира и сред дијаспората во светот.

Македонско друштво "Илинден” - Тирана

Улица: "Михал Грамено” 183, Тирана
Tел: + 38971946391 + 355692401778
е-mail:
drustvo.ilinden.tirana@live.com
Web: www.ilinden-tirana.com
Национална Комeрециална Банкa - Албанија
IBAN:AL1520511021289300CLOTCLALLY   LEK
IBAN:AL4820511021289300CLOTCFEURA   EUR
IBAN:AL8120511021289300CLOTCFUSDE   USD
SWIFT:NCBAALTX



Media coverage:

• Мета
• Локално
• ТВ21
• ТВ Нова
• Канал5