
Соопштение за медиумите
Соопштение за медиумите
Весникот на македонското малцинство во Бугарија се заблагодарува на ММДЧП и АМКЧП за значајната поддршка

Македонското меѓународно движење за човекови права и Австралиско-македонскиот комитет за човекови права изразуваат благодарност до сите Македонци кои што се борат против неправ дите во Бугарија, Грција, Албанија и другите балкански земји, и со гордост го истакнуваат своето македонско потекло. Како што би рекле од ММДЧП и АМКЧП - наша должност е да помогнеме.
ММДЧП и АМКЧП ги повикуваат Македонците од целиот свет да ни се придружат и да помогнат во борбата за остварување на човековите права за угнетените Македонци. Сите сме горди кога присуствуваме на некој македонски настан или кога ќе слушнеме патриотска песна. Сите ние со голема жестина се браниме кога некој ја доведува во прашање нашата етничка припадност, или нашето потекло. И бараме нашата земја да се вика Македонија, а не "ФИРОМ".
ММДЧП и АМКЧП очекуваат од Македонците да ја подигнат таа своја гордост на едно повисоко ниво. Поврзете се со нас на социјалните мрежи за да помогнете да се шират нашите пораки за борба за човековите права. Вклучете се и вие. Волонтирајте. Донирајте. ММДЧП и АМКЧП ги финансираат сите проекти за човекови права на угнетените Македонци на Балканот. Вклучете се во проект по ваш избор и дадете свој придонес во Фондот на ММДЧП за човекови права или во Фондот на АМКЧП за поддршка на македонските малцинства. Нашето време е СЕГА.
###
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.
Основан во 1984 година, Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете ја www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на info@macedonianhr.org.au или на телефон +61 3 9329 8960.