
Соопштение за медиумите
Соопштение за медиумите
Преписка во "Хил" околу Џон Подеста и употребата на кратенката БЈРМ наместо Македонија

"Замислете еден политичар да употреби навредлив израз за цела етничка група и потоа да води политика со која се игнорира прогонувањето на таа група и се бара промена на нејзиниот етнички идентитет. Тоа ќе беше голем скандал, но само ако се работи за позната етничка група. Кога вакво нешто ќе се случи на помалку позната етничка група, тоа не е покриено од страна на медиумите. Викиликс ни откри дека Џон Подеста, шеф на изборниот штаб на Хилари Клинтон, се изразувал навредливо на Македонците без да претрпи било какви последици. Тоа е затоа што и самата Клинтон вршеше анти-македонска политика во рамките на која ја повикуваше Македонија да го смени своето име со цел да се задоволи Грција, држава која започна вештачки спор за името во обид, како што самите Грци велат, да се избрише Македонија од мапата”, пишува Николов во својата колумна објавена во Хил, кое е едно од водечките политички списанија во Вашингтон. Пораката на Подеста е испратена во врска со предлог да се поканат македонски политичари на состанок на Клинтоновата Глобална Иницијатива во Њујорк, при што Подеста вели дека тој се уште го користи изразот БЈРМ наместо Македонија.
Николов наведува неколку други спорови во САД, околу имињата на спортските клубови како што се Индијанците од Кливленд и Црвенокожците од Вашингтон, велејќи дека на сличен начин навредите упатени кон Македонците од страна на американски политичари мора да се сметаат за расистички.
На ова одговори Џорџеа Полизос од Американскиот Елинистички Институт, која исто така објави колумна во Хил напаѓајќи ги ставовите на Николов. Според Полизос, Џон Подеста постапил исправно кога ја користел кратенката БЈРМ наместо уставното име на Република Македонија. Полизос вели и дека инсистирањето Македонија да го смени името во рамките на спорот што се води под Обединетите Нации и инсистирањето и Грција да го прифати секое идно име, не претставува анти-македонска политика.

Медиумско покривање:

• MIA (English)
• Republika (English)
• МИА
• a1ON
• Лидер
• Сител
• Вест
• Журнал
• Дневник