Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
Можете ли да одвоите по еден долар на ден за човековите права на Македонците?

Can you spare a dollar a day Сега е нашето време. И покрај прогонот и тактиката на сеење страв од страна на владите на Грција, Бугарија и Албанија, Македонците се' уште гордо се декларираат себеси како Македонци и се борат за своите човекови права.

Иако Македонците беа апсени од страна на бугарската тајна полиција, иако добиваа смртни закани од албански владини лица и иако беа напаѓани од страна на грчките нео-нацисти и полицијата, тие не се уплашени. Низ цела Егејска Македонија се одржуваат фестивали на кои што се рефлектира македонската култура и јазик и каде што луѓето со гордост пеат и танцуваат патриотски македонски песни. Комеморации во чест на македонски херои се одржуваат низ цела Пиринска Македонија, а оригиналното македонско знаме гордо се вее во Мала Преспа, Албанија и во селата во кои што на избори победија македонските политичари.

Движењето за човекови права на Македонците во сите делови на Македонија станува се' посилна и покажува повеќе потенцијал од било кога, но нам ни треба вашата помош за да ја продолжиме нашата борба. Вклучете се и вие. Волонтирајте. Донирајте. Приклучете и' се на фондацијата
"По еден долар на ден за ММДЧП" и направете разлика.

Македонското меѓународно движење за човекови права, како и нашите партнери Австралиско-македонскиот комитет за човекови права, ги финансираат и организираат сите активности за македонските човекови права на Балканот. Од бројните наши иницијативи, ги издвојуваме следните:

• Организирање настава на македонски јазик во Егејска Македонија, Пиринска Македонија и Албанија, вклучувајќи го и отворањето на уште една градинка во Корча;
• Купување и финансирање на македонска радио станица во Лерин и телевизија во Корча, Албанија;
• Финансирање на Нова Зора, Народна Волја и други македонски весници и публикации во Егејска Македонија, Пиринска Македонија и Мала Преспа / Голо Брдо;
• Организирање на кампањата "Нашето име е Македонија", со која што се бара итен прекин на преговорите за името;
• Финансирање на културни манифестации за Македонците во сите делови на Македонија, со цел да се шири македонската култура, јазик и да се поттикне борбата за човекови права;
• Отворање на канцеларии за човекови права на Македонците во Бугарија, Грција и Албанија;
• Финансирање на отворањето на Македонскиот културен центар во Лерин, Егејска Македонија;
• Финансирање на изборните кампањи на Македонците во Албанија, Грција и Бугарија, со цел избраните лица потоа да се зборат за македонските човекови права;
• Присуство на конференции на Обединетите нации и на Европската конференција за човекови права, барајќи крај на дискриминацијата врз Македонците;
• Континуирани апели за признание и поддршка за Македонија и македонските човекови права во Вашингтон, Отава, Брисел и низ целиот свет.


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.