Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
ММДЧП и АМКЧП го зголемија фондот за финансирање на проекти за човековите права на Македонците во Албанија

Macedonian classes Македонското меѓународно движење за човекови права и Австралиско-македонскиот комитет за човекови права со задоволство известуваат дека уште еднаш го зголемија фондот за финансирање на од ММДЧП и АМКЧП спонзорираните школи за македонски јазик во Албанија и за телевизијата на македонски јазик во Корча, Албанија. Албанската влада оневозможува пристап на македонското малцинство до медиумите и упатува закани до македонските учители и ученици кои што ги посетуваат приватните школи. И покрај тоа, Македонците не се заплашени и ги интензивираат барањата за остварување на своите права.

Џорџ Атанасоски, долгогодишен поддржувач на иницијативите за човекови права на Македонците и претседател на Македонската Алијанса, вели: "Повеќе од две децении имам работено со ММДЧП и АМКЧП за финансирање на проекти од клучно значење за човековите права за угнетените Македонците во Албанија, Бугарија и Грција. Ги повикувам сите Македонци ширум светот уште денес да се приклучат на кампањата 'По еден долар на ден' и со тоа да ја дадат својата поддршка. Многу македонските поединци, бизниси и организации веќе се приклучија на оваа кампања издвојувајќи по еден долар на ден, 10 долари на ден, па дури и со суми поголеми од 100 долари на ден. Нашето време е сега. Поддржете ја борбата за човекови права на Македонците".

Нашето време е СЕГА. Помогнете. Донирајте. Вклучете се уште денес во акцијата
По еден долар на ден за ММДЧП или во Фонд на АМКЧП за поддршка на македонските малцинства.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.

Основан во 1984 година, Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете ја
www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на info@macedonianhr.org.au или на телефон +61 3 9329 8960.