Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
ММДЧП и АМКЧП со поддршка за Македонците во Грција и Бугарија во барањето за рамноправен третман за Република Македонија од страна на Европскиот парламент

Vinozhito & OMO Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија (24 април, 2013) - Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) ги поддржуваат своите партнери во борбата за човекови права на Македонците, "Виножито" и ОМО "Илинден" - ПИРИН, во барањето за рамноправен третман за Република Македонија од страна на Европскиот парламент.

Во писмото на "Виножито" и ОМО "Илинден" - ПИРИН испратено до Европскиот парламент се вели: "Ние, како претставници кои што дејствуваат во име на македонските заедници, чие постоење е активно негирано од страна на властите во Грција и Бугарија, сакаме да го изразиме нашето длабоко несогласување со значителниот број на измени и дополнувања предложени од страна на грчките и бугарските европратеници, во однос на извештајот за напредокот на Република Македонија - земја на која што ЕУ дури и нема доблест да и' се обрати на официјалното и демократски избрано име."

Целото писмо ќе биде објавено во престојниот Извештај на ММДЧП за човековите права на Македонците.

Македонците ширум целиот свет жестоко се спротивставуваат на преговорите за името и тоа со право, затоа што здравиот разум вели дека не може да се постигне "решение", кога од една земја се бара да го смени своето име, само за на некоја друга држава да и' се оствари расистичката идеја за исчезнување на една нација.

Помогнете им на Македонците низ целиот свет да се борат против кршењето на основните човекови права со кое што секојдневно се соочуваат и зачленете се во Фондот за човекови права на ММДЧП и Фондот на АМКЧП за поддршка на македонските малцинства. ММДЧП и АМКЧП се единствените организации во македонската дијаспора кои што финансираат и организираат активности поврзани со заштитата на човековите права на Македонците на Балканот. Вашите донации ќе бидат наменети за финансирање на значајни активности во борбата за обезбедување на човековите права на Македонците.


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.

Основан во 1984 година, Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете ја страницата www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на info@macedonianhr.org.au или на телефон +61 3 93298960.

ЕСА - Виножито е политичка партија која што се бори за правата и за признавање на македонското малцинство во Грција. Партијата има канцеларии во Лерин / Флорина и Едеса / Воден. За повеќе информации, ве молиме посетете ја страницата www.florina.org, или испратете емаил на: vinozito@otenet.gr, или јавете се на +30 23850 46548.

ОМО "Илинден" - ПИРИН е политичка партија која што ги подржува правата на македонското малцинство во Бугарија. Нејзиното делување е забрането, иако во 2005 година Европскиот суд за човекови права пресуди дека со таа одлука се прекршува Европската конвенција за човекови права. За повеќе информации, ве молиме постете ја страницата www.omoilindenpirin.org.