Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
ММДЧП и АМКЧП со честитки за тригодишнината од излегувањето на весникот "Нова Зора"

Нова Зора Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија (10 април, 2013) - Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) и ја честитаат тригодишнината од излегувањето на весникот "Нова Зора", најзначаен весник на македонски јазик. За да видите делови од прославата по повод овој јубилеј, кликнете на следниов линк:
https://www.youtube.com/watch?v=c8o3GHm3HD0

Нова Зора е финансиран од ММДЧП и АМКЧП и дистрибуира стотици илјади весници низ Егејска Македонија. Уште од своето основање, весникот редовно излегува од печат секој месец, без оглед на постојаните закани и обиди да прекине со печатење.

"Редакцијата на Нова Зора изразува голема благодарност до ММДЧП и АМКЧП. Без нивната огромна помош, Нова Зора не би била во можност да води борбата за еднакви права за сите Македонци. ММДЧП и АМКЧП се навистина единствените организации во македонската дијаспора кои што финансираат проекти за човекови права на Македонците на Балканот", истакна Димитри Иоану (Јованов), уредник на Нова Зора.

Помогнете им на Македонците низ целиот свет да се борат против кршењето на основните човекови права со кое што секојдневно се соочуваат и зачленете се во Фондот за човекови права на ММДЧП и Фондот на АМКЧП за поддршка на македонските малцинства. ММДЧП и АМКЧП се единствените организации во македонската дијаспора кои што финансираат и организираат активности поврзани со заштитата на човековите права на Македонците на Балканот. Вашите донации ќе бидат наменети за финансирање на значајни активности во борбата за обезбедување на човековите права на Македонците.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.

Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете ја www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на info@macedonianhr.org.au или на телефон +61 3 93298960.