Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
Дајте и' поддршка на борбата за човекови права на Македонците. Молчењето не е решение!

Macedonian Human Rights Fund ММДЧП и АМКЧП ги повикуваат Македонците од целиот свет да и' дадат поддршка на борбата за човекови права на Македонците во балканските земји.

ММДЧП и АМКЧП ги финансираат и ги организираат сите активности за остварување на човековите права на Македонците и директно соработуваат со секоја македонска организација за човекови права, вклучувајќи ги: Виножито, ОМО "Илинден" - ПИРИН, МАЕИ, Нова Зора, Народна Волја, Илинден Тирана, Домот на македонската култура и сите останати.

Подржувајќи не' нас, вие директно ја подржувате борбата за остварување на човекови права за сите Македонци.

Ова се само неколку од многуте наши активности:
• Часови за Македонски јазик во Егејска Македонија и Албанија, вклучувајќи го и отворањето на нова градинка во Корча, Албанија;
• Покрај финансирањето на радио станицата во Лерин, неодамна се отвори и македонска телевизија во Корча;
• Поднесување на тужба против Грција за случајот "Деца бегалци", за враќање на конфискуваните имоти, државјанства и финансиски надоместоци;
• Финансирање на про-македонските весници и изданија во Егејска Македонија, Пиринска Македонија и Мала Преспа;
• Претставка до Европскиот суд за човекови права пресуди против Бугарија и Грција за кршење на човековите права на Македонците;
• Функционирање на канцеларии за човековите права на Македонците во Бугарија, Грција и Албанија;
• Организација на кампањата "Нашето име е Македонија", со која се бара Македонија да ги прекине сите преговори околу името и
• Финансирање на успешните изборни кампањи на македонските кандидати во Бугарија, Грција и Албанија.

Исто така, силно лобираме за признавање на Македонија и македонските човекови права во Вашингтон, Отава, Канбера, Брисел и целиот свет, а особено:
• Средби со шефови на држави и пратеници од Канада, Америка, Австралија и европските држави;
• Средби со официјални лица за надворешни работи од Канада, Австралија, американскиот Стејт департмент, Советот на Европа и многу други;
• Присуство на конференции за меѓународни човекови права во организација на Обединетите нации, ОБСЕ и други и
• Средби со амбасадорот во ОН, Нимиц со истакнување на нашето барање за подршка од меѓународната заедница за прекин на "преговорите за името".

Македонците се организирани, полни со енергија и решени да ја продолжат нивната борба за универзалните човекови права. Најголемиот предизвик со кој се соочуваме се финансиските проблеми. Ве молиме дајте ни ја вашата поддршка со донација во
MHRMI Human Rights Fund или во AMHRC's Macedonian Minorities Support Fund.

Однапред ви благодариме.

###

За повеќе информации контактирајте ги:

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) на 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi

Австралиско-македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) на +61 3 9329 8960, info@macedonianhr.org.au, www.macedonianhr.org.au, facebook.com/AMHRC