Соопштение за медиумите
Соопштение за медиумите
ОМО "Илинден" - ПИРИН, АМКЧП и ММДЧП ги осудуваат "резултатите" од бугарскиот попис
Благоевград, Мелбурн, Торонто - ОМО "Илинден" - ПИРИН, политичка партија на македонското малцинство во Бугарија, Австралиско-Македонскиот Комитет за човекови права (АМКЧП) и Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) потврдија дека по невообичаено долгото одложување, резултатите од пописот во Бугарија кој што се одржа во февруари 2011 година конечно се објавени. Поради апсурдно големиот број на манипулации кои се направени во изминатиот период, резултатите од пописот се прогласија за невалидни од страна на ОМО "Илинден" ПИРИН и други македонски организации во Бугарија уште во април оваа година.
Овојпат бугарската држава одлучи да прогласи едвај 1.654 луѓе како претставници на македонското малцинство, чие што постоење, комплетно го отфрла. Резултатите на овој т.н. "попис" само го потврдија она што го очекуваше - направено е криминално фалсификување. Во својата желба до максимум да се намали бројот на оние кои што му припаѓаат на македонското малцинство, државата отиде предалеку и направената манипулација е повеќе од очигледна. Во текот на пописот, бугарските официјални лица систематски одбивале да ги регистрираат одговорите на луѓето кои што се изјаснувале како Македонци.
По објавувањето на резултатите од пописот, ОМО "Илинден" Пирин, АМКЧП и ММДЧП одлучија да ги информираат меѓународните тела за човекови права во ОН, Советот на Европа, ОБСЕ и ЕУ за овој скандалозен чин од страна на бугарската држава. Инцидентот ќе биде од посебен интерес за независниот експерт за малцински прашања при Обединетите нации, г-ѓа Геј Мекдугал, која минатиот месец беше во посета на Бугарија и во моментов го подготвува извештајот кој што до крајот на годинава треба да го достави до Советот за човекови права на ОН.
ОМО "Илинден" - ПИРИН, АМКЧП и ММДЧП исто така ги повикуваат Македонците (како и сите вистински борци за човекови права) да се преземе акција во врска со ова прашање и да ги информираат министерствата за надворешни работи во земјите каде што живеат и да им го посочат овој пример на скандалозен попис. Особено се бара од Македонците во САД да му се обратат на американскиот државен секретар Хилари Клинтон, која пред само неколку месеци (на 3 март 2011 година) го изјави следново: "Бугарија треба да служи како пример поради стремежите да создаде силни институции, да го спроведува владеењето на правото и да ги почитува демократските транзиции. Вашиот напредок во градењето на демократијата како одговорен член на трансатлантската заедница во текот на изминатите две децении дава надеж за многу земји во регионот и во светот."
Колку официјалните пофалби од страна на секретарот Клинтон за Бугарија противречат на реалноста на состојбите на теренот е токму примерот со огромната разлика помеѓу "официјалниот" број на Македонците во Бугарија (1.654) и вистинскиот број на Македонци во Пиринска Македонија и пошироко.
###
ОМО "Илинден" - ПИРИН е политичка партија која што ги подржува правата на македонското малцинство во Бугарија. Нејзиното делување е забрането, иако во 2005 година Европскиот суд за човекови права пресуди дека со таа одлука се прекршува Европската конвенција за човекови права. За повеќе информации, ве молиме постете ја страницата www.omoilindenpirin.org.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете ја www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на info@macedonianhr.org.au или преку +61 3 93298960.
Основано во 1986 година, Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи. За повеќе информации: www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.