
Соопштение за медиумите
Соопштение за медиумите
ММДЧП и АМКЧП бараат од Клинтон да се откаже од изјавата дека Македонија треба да го "реши" проблемот со името

Со други зборови Клинтон изјави дека една суверена држава - Република Македонија - мора да се откаже од најосновното право што го поседува една држава - правото на самоопределување, доколку сака да стане дел од Европа. САД, "лидерот на слободниот свет", како и во други прилики во однос на Македонија, покажа дека имаат различен пристап во однос на почитувањето на најосновните стандарди за слобода и на почитувањето на меѓународното право.
Иако САД ја признаа Македонија во 2004 година, сепак повикуваат на промена на името. Лицемерието е за восхит.
Со оглед на очигледната немоќ на ЕУ да ги решат безболно своите економски проблеми, ММДЧП и АМКЧП воопшто не сметаат дека членството на Македонија во една ваква институција е во најдобар интерес. Сепак, поентата е дека не можеме ја прифатиме уцената преточена во "заборавете ги вашите права и сменете го вашето име, а во спротивно...". Ние имаме испратено и допис до Стејт департментот со кој што бараме објаснување и неодложна осуда од страна на САД за преговорите за името.
ММДЧП и АМКЧП пред една година започнаа рекламна кампања во Македонија, со која што се залагаат за крај на целата оваа фарса во однос на името и расистичките "преговори" помеѓу Македонија и Грција. Сите заинтересирани кои што сакаат да се приклучуваат на кампањата "Нашето име е Македонија", ве молиме да го користите следниов линк: www.mhrmi.org/our_name_is_macedonia
###
Основано во 1986 година, Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи. За повеќе информации: www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете ја www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на info@macedonianhr.org.au или преку +61 3 93298960.