
Соопштение за медиумите
Соопштение за медиумите
Донаторска вечер на ММДЧП

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) ќе организира донаторска вечер овој петок, 19 март, 2010 год., во 19:00 часот, во Соборниот храм "Свети Димитрија Солунски" во Маркхам, Онтарио.
Влезот чини 40 долари, со вклучени вечера и пијалоци. За донации од 100 долари или повеќе, ќе биде издадена даночна потврда за донации.
ММДЧП непосредно соработува со сите македонски организации за човекови права на Балканот и обезбедува неопходна финансиска и логистичка поддршка за нивните активности, вклучително и за организирање настава по македонски јазик во Егејска Македонија.
Македонските заедници во светот се организирани, одлучни и предодредени за борба за остварување на нивните човекови права. Најголемиот предизвик со кој што се соочуваме е финансискиот проблем. Македонското меѓународно движење за човекови права бара ваша помош и поддршка.
За билети или повеќе информации, ве молиме да се јавите на 416-850-7125, или да ја посетите веб страната www.mhrmi.org