Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
АМКЧП и ММДЧП изразуваат целосна поддршка за протестите на ОМО "Илинден" - ПИРИН во Стразбур

OMO Ilinden - PIRIN Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) / Австралиско-Македонски комитет за човекови права (АМКЧП) - Соопштение за медиумите

Мелбурн, Австралија и Торонто, Канада - Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) и Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) искажуваат целосна поддршка за протестите на ОМО "Илинден" - ПИРИН кои што денес почнаа во Стразбур.

Протестите кои се одржуваат пред Европскиот парламент и пред Советот на Европа претставуваат важен придонес за долготрајната битка на ОМО "Илинден" - ПИРИН за пререгистрација како политичка партија, како и за македонското малцинство во Бугарија.

Како што наведоа од ОМО "Илинден" - ПИРИН, целта на овие протести е да се подигне свеста во Европскиот парламент за маките на непризнаеното македонско малцинство во Бугарија и да се спротивстават на предлогот за прекин на мониторингот за извршувањето на пресудата од 2005 година од страна на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) за случајот на ОМО "Илинден" - ПИРИН против Бугарија.

ОМО "Илинден" - ПИРИН, како и АМКЧП и ММДЧП бараат партијата повторно да се регистрира како политичка партија од страна на бугарските власти и упатуваат повик за итно признавање на македонското малцинство во Бугарија. Партијата, исто така, бара Советот на Европа и Европската унија да ги искористат сите механизми кои што им се на располагање за да се осигураат дека Бугарија ќе ги извршува своите обврски во однос на слободата на здружување и малцинските права.

АМКЧП и ММДЧП изразуваат задоволство што се во можност да понудат логистичка и друг вид подршка за овие протести и во иднина ќе продолжат да искажуваат подршка за ОМО "Илинден" - ПИРИН во нивната борба за регистрација и признавање.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. За повеќе информации, посетете го сајтот
www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.

Формиран во 1984, Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) работи на остварување на човековите права за Македонците и останатите угнетени малцинства. За повеќе информации, посетете ја страницата www.macedonianhr.org.au, или контактирајте го АМКЧП на телефон +61 3 9460 2910, или на е-маил: mail@macedonianhr.org.au.