
Соопштение за медиумите
Соопштение за медиумите
Информативен форум на ММДЧП со специјални гости од Грчкиот хелсиншки монитор и Групата за малцински права во Грција

Торонто, Канада - Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП), во недела, 18 октомври 2009 година во 12:30 часот, во Македонската Православна Црква "Свети Климент Охридски" во Торонто, ќе организира информативен форум.
Специјални гости ќе бидат портпаролот на Грчкиот хелсиншки монитор, Панајот Димитрас и портпаролот на Групата за малцински права во Грција, Нафсика Папаниколатос.
Почесните гости и ММДЧП ќе дадат најсвежи информации за моменталната состојба со човековите права на Македонците на Балканот, а најмногу ќе се фокусираат на проблемите во поглед на човековите права, со кои што се соочуваат Македонците во Грција. Акцент ќе биде ставен на неодамнешните извештаи од Обединетите нации и Советот на Европа за човековите права во Грција, вклучувајќи ја и нивната препорака за признавање на македонското малцинство и за укинување на дискриминаторските закони кои го оневозможуваат правото на враќање на имотите на Децата - бегалци, или соодветна компензација за нив.
Влезот е бесплатен. За донации од 100 долари или повеќе, ќе биде издадена сметка за донации во добротворни цели.
ММДЧП предвидува иднина каде Македонците, особено во Грција, Бугарија, Албанија, Србија и Косово, ќе бидат официјално признати и ќе можат да ги уживаат основните човекови права како што се слободата на говорот, слободата на здружување и собирање, и почитување на правото на самоопределување како Македонци, како што постојано и се препорачува од страна на Обединетите Нации и од Советот на Европа.
Најголемиот проблем со кој што во моментов се соочуваме е финансискиот. На Македонското меѓународно движење за човекови права му треба вашата поддршка, со цел да може да продолжи да им помага на Македонците во нивната борба за човекови права.
Ве молиме, дајте ни ја вашата поддршка со присуство на нашиот Информативен форум и разгледајте ги вашите можности за давање на месечна, годишна, или еднократна донација.
За повеќе информации, посетете ја нашата страница www.mhrmi.org, или контактирајте не' на телефон 416-850-7125, или на емаил адресата info@mhrmi.org.
Однапред ви благодариме за вашиот интерес и поддршка.