Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
Недела на македонските човекови права на ММДЧП, 14-21 јуни, 2009

Недела на ММДЧП Постер за "Недела на ММДЧП"

Македонско меѓународно движење за човекови права - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада - Меѓународното македонско движење за човекови права (ММДЧП) со задоволство ја најавува манифестацијата "Недела на македонските човекови права на ММДЧП", која што ќе се одржи од 14 до 21 јуни, 2009 година. Ќе бидеме почестени и со присуството на претседателот на ЕЛБУЛ (Европското биро за помалку употребувани јазици) и член на Виножито, Насе Парисис и членот на ОМО "Илинден" - ПИРИН, Стојан Георгиев.

Активности ќе се одржуваат во текот на целата недела, во повеќе градови од Северна Америка, а ќе се заокружат со донаторскиот собир во недела, на 21 јуни во 12:30 часот, во црквата Св. Климент Охридски во Торонто. На донаторскиот собир ќе биде сервиран ручек, а почесните гости и организаторот ММДЧП ќе говорат за актуелните состојби со човековите права на Македонците на Балканот. Цената за учество на овој собир е 20 канадски долари. За донациите од 100 долари или повеќе ќе биде издадена 'донаторска даночна сметка'.

ММДЧП очекува дека во иднина Македонците (особено оние во Грција, Бугарија, Албанија, Србија и Косово) ќе бидат официјално признати и ќе можат да ги уживаат сите основни човекови права како што се слободата на говорот, слободата на верско изразување и дека ќе биде почитувано нивното право на самоопределување.

ММДЧП директно соработува со македонски организации за човекови права на Балканот и ги обезбедува со неопходна финансиска и логистичка подршка за нивните активности. Македонската заедница во светот е организирана и одлучна да ја продолжи нивната заложба за достигнување на универзални човекови права.

Најголемиот предизвик со кој што се соочуваме се финансиите. На Меѓународното македонско движење за човекови права му треба ваша подршка за да можеме да продолжиме да им помагаме на Македонците во нивната борба за човекови права.

Ве молиме да ја покажете вашата подршка со присуство на Донаторскиот собир за човекови права и да ја разгледате можноста за месечна, годишна, или еднократна донација, преку страницата
www.mhrmi.org/donation.asp.

За билети или повеќе информации, ве молиме да го посетите вебсајтот www.mhrmi.org или да не' контактирате на телефон 416-850-7125, или info@mhrmi.org.
Однапред ви благодариме за вашиот интерес и подршка.