Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
ММДЧП и АМКЧП ги повикуваат Македонците да известуваат за случаи на дискриминација од страна на Грција

Macedonians Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) / Австралиско-Македонски комитет за човекови права (АМКЧП) - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија - По известувањето за дискриминацијата кон канадските Македонци од страна на грчкиот конзулат во Торонто (види:
www.mhrmi.org/news/2009/may05_e.asp), Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) ги повикуваме Македонците од дијаспората да ги контактираат овие две организации и да ги известат за слични проблеми со кои што се соочиле.

Бараме информации за специфични случаи на дискриминација од грчките конзулати и амбасади во други земји, како и од грчките граничари при обид да се влезе во Грција.

Владите на некои држави, вклучувајќи ги Канада и Чешка, веќе реагираа за црните листи на етнички Македонци. Нашите организации ќе продолжат да ги информираат официјалните владини претставници, меѓународните судови за човекови права, медиумите и невладините организации, со цел да се привлече внимание кај меѓународната јавност во врска со овој проблем.

Грција континуирано докажува дека дејствува исклучиво во корист на своите ксенофобични лични интереси и дека ќе ги прогонува етничките Македонци и останатите малцинства, без оглед на местото на живеење. ММДЧП и АМКЧП ја повикуваат меѓународната заедница да ја присили Грција веднаш да прекине со прогонување на етничките Македонци и конечно да го признае постоењето на македонското малцинство.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. За повеќе информации, посетете го сајтот www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.

Формиран во 1984, Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) работи на остварување на човековите права за Македонците и останатите угнетени малцинства. За повеќе информации, посетете ја страницата www.macedonianhr.org.au, или контактирајте го АМКЧП на телефон +61 3 9460 2910, или на е-маил: mail@macedonianhr.org.au.