Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
Грчкиот расизам, подржан од државата, се појави и во Канада

Расизам Македонско меѓународно движење за човекови права - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада - Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) го осудува расизмот (подржан и од грчката држава) против етничките Македонци, дури и оние кои што се родени во Канада. Неодамна, грчкиот конзулат во Торонто јасно се произнесе дека ќе им служи на "гордите грчки државјани", а не и луѓето од "Скопје".1

Ник Гроздановски, канадски Македонец, се обиде да си го поврати бесправно одземениот имот во Грција. Неговата мајка, Јоана Гроздановска, починала во 2006 година и целиот свој имот го оставила на своите деца. Грчки граѓанин изготвил фалсификат тестамент и го присвоил целиот имот, а согласно грчките податоци, г-ѓа Гроздановски никогаш не била венчана, никогаш немала деца и сеуште е жива.

Семејството Гроздановски се обратило за помош во грчкиот конзулат во Торонто, но им било кажано дека сите документи во кои што е содржан зборот 'Македонија' ќе се смета како незаконски затоа што Грција одбива да го признае уставното име на Република Македонија.

Конзулатот побарал од семејството Гроздановски да си ги сменат изводите од матичната книга на родени и другите документи и на сите нив, наместо Македонија, да биде напишано БЈРМ (Бивша Југословенка Република Македонија). Без ваквите промени, Грција ќе одбие да ја признае смртта на г-ѓа Гроздановски и нема да го почитува нејзиниот тестамент.

Ваквиот чин на грчкиот конзулат следува после со децении водена евиденција за активностите на канадските Македонци и испраќање извештаи за нив до грчката влада, со намера да се изготвува озлогласената црна листа на непожелни граѓани. На канадските државјани кои што се активни во македонските организации им се одземени целиот имот и грчкото државјанство, а забранет им е и влез во земјата.

Поради бесмислениот проблем со името, покренат од Грција, Македонците во целиот свет се изложени на дискриминација. ММДЧП бара од меѓународната заедница да ја присили Грција веднаш да прекине со прогонување на етничките Македонци и конечно да го признае постоењето на македонското малцинство.

----------

1
Преименувајќи ги Македонците дека се од 'Скопје' (главниот град на Македонија), или во 'Скопјани' е крајно омаловажувачки термин користен од Грција со цел да го негира етничкиот идентитет на Македонците, предизвикувајќи опасни грчки кампањи, во минатото и сега, за етничко чистење и присилна асимилација на своето големо македонско малцинство.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. За повеќе информации, посетете го сајтот www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.