Read in English 3991 Канадскиот министер за одбрана Меккеј бара промена на концептот за прием на нови членки во НАТО 8 Март, 2009 3991 Канадскиот министер за одбрана Питер Меккеј побарал да се промени концептот за прием на нови членки во НАТО поради проблемите со кои се соочува Алијансата во случаите со Македонија и со Хрватска. На средбата со својот американски колега Роберт Гејтс во Вашингтон, Меккеј побарал НАТО да го ревидира принципот на консензус за да се избегне можноста поради билатерални спорови како што се грчко-македонскиот и словенечко-хрватскиот, Алијансата да биде блокирана при прием на нови членки. Меккеј предлага наместо досегашниот систем во кој за прием се бара согласност од сите членки во иднина решени за прием да може да биде донесено и со консензус минус еден што би значело дека ќе треба најмалку два гласа против со што Грција нема да може да стави вето на македонскиот влез во алијансата. Извор: МИА