Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
ММДЧП го осудува нападот врз активист за малцински права во Грција за време на емисија во живо

SEEMO Македонско меѓународно движење за човекови права - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада - ММДЧП и' се придружува на Организацијата на медиуми во Југоисточна Европа која што бара да се осуди нападот врз активистот за турски малцински права, Абдулхалим Деде, за време на телевизиска емисија во живо на 19 февруари, 2009 година.

Грција енергично одрекува постоење на било какви етнички малцинства на својата територија и настојува да ги задуши сите повици за подржување на човековите права. Едноставно покренување на прашање за човекови права, а особено за македонското малцинство, предизвикува скандалозно реагирање на грчки граѓани и политичари.

Грчкиот државно-спонзориран расизам вклучува јавен повик од грчки политичари за смрт на членови од партијата на македонското малцинство Виножито, грчката армија влегува во села населени со етнички Македонци, апсејќи неколку жители, и покренување на тужби за предавство против портпаролот на Грчкиот хелсиншки комитет, Панајот Димитрас, поради заштита на малцински права.

ММДЧП бара од меѓународната заедница и особено од Европската Унија, конечно да ја земе Грција на одговорност заради прогонувањето на нејзините етнички малцинства и да ја присили државата да ги прифати сите пресуди кои што се донесени против неа од страна на Европскиот суд за човекови права.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. За повеќе информации, посетете го сајтот www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.