Macedonian Human Rights Movement International
Грција повторно критикувана за непочитување на македонското малцинство

Томас Хамамберг Грција не ги почитува правата на малцинствата, одбива да признае дека во земјата постои друго малцинство освен муслиманското, а и тоа се соочува со отсуство на основни социјални услуги.

Ова е заклучокот од извештајот на комесарот за човекови права при Советот на Европа, Томас Хамамберг, што денеска е објавен во Стразбур.

Во текстот, базиран на посетата на комесарот на Грција во декември минатата година, се изразува длабока загриженост за премногу рестриктивната пракса на грчките судови, која што спречи регистрација на одредени малцински организации.

"Властите треба итно да овозможат малцинствата да го уживаат нивното право на слобода на здружување", препорачува Хамемберт.

Тој нотира дека и покрај непризнавањето на ниту едно друго национално или јазично малцинство, грчките власти признаваат дека во северна Грција постои "мала група на лица кои без ограничувања, покрај грчкиот јазик, користат словенски идиоми во рамки на семејството или при неформални разговори". Според властите, оваа "Словенско ориентирана група на грчки граѓани во грчкиот регион од Македонија, слободно учествуваат преку нивната политичка партија во парламентарните избори во Грција".

Комесарот додава дека за време на изборите за Европскиот парламент од 2004 година, оваа партија ("Европска слободна алијанса- Виножито"), со седиште во Лерин, освои 6.176 гласа, што претставува 0,10 проценти на национално ниво.

На крајот од својот извештај, Хамемберг бележи дека Грција, како и другите членки на Советот на Европа, е традиционално плурално општество.

"Постоењето на малцинствата без разлика дали се национални, религиозни или јазични, треба да се смета како главен фактор не на поделба, туку на збогатување на грчкото општество", потенцира комесарот.

Извор: Макфакс