
Соопштение за медиумите
Соопштение за медиумите
ММДЧП и македонската влада ќе ја интезивираат соработката во лобирањето за признавање на уставното име и за човековите права

Торонто, Канада - Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) со задоволство ја најавува нејзината соработка со Владата на Република Македонија во лобирањето за меѓународно признавање на македонското уставно име и за човекови права на угнетените македонски малцинства во Грција, Бугарија, Албанија и Србија.
Исто така, ММДЧП ќе продолжи да соработува со македонската влада за зајакнување на врските со Соединетите Американски Држави и Канада, а ќе продолжи и да лобира во Вашингтон, Отава и низ целиот свет со цел да се обезбеди влез на Македонија во НАТО и Европската Унија.
Деталите беа финализирани на 8 февруари, 2009 година во Торонто, кога членовите на бордот од ММДЧП се сретнаа со членовите на македонскиот парламент Александар Николовски и Влатко Ѓорчев.
ММДЧП го повтори својот став дека Македонија треба да прекине секакви преговори во врска со името и и' се заблагодари на македонската влада за напорите кои што таа ги вложува за човековите права на Македонците во соседните земји и особено за нејзиниот притисок врз Грција да го признае големото македонско малцинство и да обезбеди право на враќање на македонските политички бегалци.
###
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. За повеќе информации, посетете го сајтот www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.