
Соопштение за медиумите
Соопштение за медиумите
ММДЧП ја поздравува одлуката на ОН да испрати во Грција независен експерт за етнички малцинства

Торонто, Канада - Независниот експерт на ОН за етнички малцинства, г-ѓа Геј Мекдугал денес пристигна во Лерин, Северна Грција за да се запознае со проблемите на малцинствата и да се сретне со членовите на Виножито кои што го претставуваат македонското малцинство во Грција.
Посетата на претставникот од ОН доаѓа како одговор на писмото од Премиерот на Република Македонија, г-дин Никола Груевски кој побара од меѓународните организации да ја проучат положбата во која што се наоѓаат етничките Македонци и другите малцинства во Грција.
"ММДЧП уште еднаш изразува благодарност за премиерот Никола Груевски кој што продолжува да ги актуелизира проблемите со грчкото малтретирање на нејзиното македонско малцинство", изјави претседателот на ММДЧП Бил Николов.
Грција денес претпладне реагираше со затворање на македонско-грчката граница. Грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани објави дека лично ќе се сретне со експертот од ОН и се очекува таа да го изрази официјалниот грчки став дека тие се единствената држава во Европа без малцинства.
ММДЧП ги повикува сите меѓународни организации за човекови права да ги проучат состојбите, да известуваат за нив и да го набљудуваат третманот кој што го имаат македонското и другите малцинства во Грција, согласно со законите за меѓународни човекови права.
###
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. За повеќе информации, посетете го сајтот www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.