
Македонци протестирале против грчки воени вежби

Триесетина Македонци од селото Овчарани, во Егејска Македонија, протестирале пред воен полигон на грчката армија во селото Забрдени, барајќи војската да се повлече од нивната околија.
Македонците синоќа нешто пред 20 часот, со своите автомобили го попречиле патот на грчки воен конвој од четири возила и го попречиле нивното распоредување до местото на грчката воена вежба.
По ова на местото на инцидентот се појавила полицијата и јавен обвинител. Тие преговарале со демонстрантите до доцна после полноќ, а по разговорите демонстрантите мирно се разишле.
Денеска македонското месно население повторно на ист начин го искажало своето незадоволство од заплашувањето на грчките армиски сили преку нивните воени вежби кои се одржуваа на полигони веднаш до околните места населени со Македонци.
На воениот полигон биле испратени три одреди на специјалци на грчкото МВР со цел да го спречат вчерашното навлегување на демонстрантите во полигонот кај што биле воените вежби.