Macedonian Human Rights Movement International
Македонци нападнати во Грција

граничниот премин Богородица Тројца македонски државјани биле малтретирани и нападнати од поголема група Грци во околината на градот Лариса.

Македонските државјани, кои со товарно возило биле на пат во Грција, инцидентот го пријавиле во полициската станица на граничниот премин Богородица, соопшти денеска полицијата.

Според изјавите на И.Ш., Ј.Ѓ. и М.К., сите од Богданци, тие во петокот пред градот Лариса од група од 40 до 50 грчки државјани, кои одржувале јавен собир, биле насилно запрени, а потоа и малтретирани.

На И.Ш. од кабината на возилото со велешки регистерски таблички му било одземено македонско знаме и фрлено на земја.

Македонскиот државјанин со сила бил натеран од возилото да ги отстрани сите налепници и лепенки на кои бил содржан знакот МК.

Откако се обидел да изреагира кога било фрлено знамето, бил физички нападнат и удиран во пределот на слабината.

Тоа се случувало во присуство на четири до пет грчки полицајци, кои рамнодушно го следеле инцидентот и не презеле какви и да е мерки, со цел насобраните да бидат спречени, соопшти македонското Министерство за внатрешни работи.