Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
ММДЧП ја повикува меѓународната заедница да го признае македонското уставно име

Call me by my name Македонско меѓународно движење за човекови права - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада, 23 март, 2008 - Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) бара од меѓународната заедница да ја признае Македонија под своето уставно име и еднаш за секогаш да стави крај на оваа бесмислена дебата со Грција.

Грција се заканува со вето за македонскиот влез во НАТО поради тоа што се спротивставува со македонското уставно име. Сепак, многу држави-членки го подржуваат македонскиот прием во НАТО, заради потребата од стабилизација на државата и регионот, особено после прогласувањето на независност на Косово.

Спорот со името е наметнат од Грција со намера да се оттргне вниманието од третманот што го има кон своето големо македонско малцинство.

Едноставно кажано, ниту една нација нема право да именува друга. Преку 120 држави, вклучувајќи ги САД, Канада, Велика Британија, Русија и Кина, веќе ја имаат признато Македонија под нејзиното уставно име.

"Со оглед на тоа што Грција со нејзината можност за вето не попушта да го држи во заложништво НАТО, меѓународната заедница мора да покаже дека нема да дозволи да биде заробена со грчката ксенофобичност. Неодложно признавање на македонското уставно име би обезбедило стабилност во регионот кој што е повторно на работ на експлозија", изјави претседателот на ММДЧП, Бил Николов.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. За повеќе информации, посетете го сајтот www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.