Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
ММДЧП бара да прекине грчката дискриминација за македонските политички бегалци

Children refugees passing the border Македонско меѓународно движење за човекови права - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада, 21 јуни, 2008 - ММДЧП ја повикува меѓународната заедница да побараат од Грција конечно да прекине со својата дискриминација кон големото македонско малцинство, а особено македонски политички бегалци и да им дозволи непречено одржување на нивниот 4-ти светски собир на 20 јули, 2008 година.

Оваа година се одбележува 60-годишница од евакуацијата на меѓународниот Црвениот Крст за 28.000 македонски деца (деца бегалци), на возраст од 2-14 години, за време на грчката граѓанска војна. Грција на ова одговори со укинување на нивното грчко државјанство и редовно им забранува влез во Грција само поради нивниот македонска етнички идентитет. Исто така, тие не беа вклучени во законот донесен во 1982 година, кој што им дозволува на политички бегалци, Грци по род, да се вратат во Грција.

"Ова ќе биде последната прилика за многу деца бегалци, кои што се сега во своите 60-ти и 70-ти години, да си ги видат своите радни места. Грчките власти ни дозволија влез во 2003 година, за веднаш да не' вратат назад. Тоа нема да се случи повторно", изјави Ристо Цацкировски, претседател на ЗДБЕМ (Здружение на децата бегалци од Егејска Македонија).

"Грција отворено и јавно им забранува влез во земјата на канадски, американски и австралиски граѓани со македонско потекло. Владите на овие држави, меѓу другото, мора да се грижат и за човековите права на своите граѓани и да бараат од Грција да се прекине оваа пракса или да се соочи со последици", изјави претседателот на ММДЧП, Бил Николов.

ММДЧП ги повикува на меѓународните владини претставници, медиумите, организациите за човекови права и други заинтересирани лица да присуствуваат на преминувањето на македонско-грчката граница кај Меџитлија/Nikki на 20 јули, 2008 година и да го следат грчкиот однос кон својата обврска за почитување на меѓународните закони за човекови права.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. За повеќе информации, посетете го сајтот www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.