Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
Годишен извештај на ММДЧП за 2008 година - Македонското малцинство во Грција

Greece allows neo-Nazis Македонско меѓународно движење за човекови права - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада - Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) го објави својот Годишен извештај за 2008 година - Македонско малцинство во Грција, изложувајќи ја грчката систематска политика на принудна асимилација и прогонување на своето македонско малцинство.

"Грција жестоко го негира постоењето на било какви етнички малцинства на својата територија и се обидува да ги задуши сите повици кои што се однесуваат на човековите права. Самото спомнување на проблемот со македонското малцинство во Грција предизвикува бурни реакции кај грчките граѓани и политичари. Мнозинството од грчкиот општествен живот го подржува непризнавањето и дискриминацијата на своето македонско малцинство од страна на владата", изјави Бил Николов, претседател на ММДЧП.

За да ја висите целосната верзија на извештајот, кликнете овде: https://mhrmi.org/news/2008/january27_e.asp

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. Нејзината главна цел е да се борат за сите основни човекови и национални права, вклучувајќи го правото за слобода на говор и здружување, и да ги подржат демократските начела за сите етнички Македонци и други обесправени народи. За повеќе информации, ве молиме контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.