Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
Активист за човекови права на Македонците е ставен на црна листа и одбиен му е влез во Грција

Greece continues to blacklist Macedonians Македонско меѓународно движење за човекови права - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада - Грција продолжува да ги става на црна листа Македонците кои што се активни во меѓународни организации за човекови права или кои што имаат статус на политички бегалци. Последниот настан е од 2 февруари, 2008 година, кога на Славко Манговски, двоен државјанин на Соединетите Американски Држави и на Република Македонија и многу познат активист за човекови права, му е спречен влез затоа што се работи за "личност за која што е издадено предупредување за забранет влез" и кој што е "заведен во државниот регистер".

"Ставен сум на црна листа заради тоа што побарав од Грција да ги почитува правата на македонското малцинство. Скандалозно е тоа што Европската Унија дозволува ваквите настани да се повторуваат", соопшти Славко Манговски.

"На Грција постојано и' се дозволува да врши прогонство врз нејзините етнички малцинства, игнорирајќи ги правилата на Европскиот суд за човекови права и дискриминирајќи секого што ја осудува нејзината систематска расистичка политика. Европската Унија мора конечно да и' ги предочи на Грција последиците од нејзините постапки", изјави претседателот на ММДЧП Бил Николов.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. Нејзината главна цел е да се борат за сите основни човекови и национални права, вклучувајќи го правото за слобода на говор и здружување, и да ги подржат демократските начела за сите етнички Македонци и други обесправени народи. За повеќе информации, ве молиме контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.

Документот од грчката гранична служба
Фотокопија од пасошот