Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
ММДЧП и' заблагодарува на канадско-македонската заедница за континуираната поддршка

Macedonian and Canadian flags Македонско меѓународно движење за човекови права - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада - Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) сака да и' се заблагодари на канадско-македонската заедница за нивните заложби за македонската кауза и за силната поддршка за човековите права на Македонците.

ММДЧП одржа информативен форум на 26 октомври, 2008 година, во Македонската православна црква "Св. Климент" во Торонто. Заедно со специјалните гости Архимандрит Никодим Тсаркниас (лично) и Павле Филипов Воскопулос (телефонски), ММДЧП ја информира заедницата за последните настани во врска со развојот на човековите права, како и за активностите на движењето во борбата за човекови права на Македонците во светот, а особено во Грција, Бугарија, Албанија и Република Македонија.

Повеќе од две децении ММДЧП го информира светот за макотрпниот пат на Македонците, преку средби со влади, клучни меѓународни креатори на политиката, невладини организации, како и извештаи и информирање за кршење на човекови права на Македонците.

Нашата визија за иднината ги гледа Македонците официјално признати и дека ќе можат да ги уживаат најосновните човекови права како што се слободата на говорот, слобода на богослужение и почитување на нивното право за самоопределување како Македонци.

Македонските заедници во светот станаа организирани, полни со енергија, и се определени силно да притиснат во борбата за универзални човекови права, предизвикана од долготрајното негирање. На Македонското меѓународно движење за човекови права му треба вашата поддршка со која што ние ќе можеме да продолжиме да им помагаме на Македонците во нивната борба за човекови права.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. За повеќе информации, посетете го сајтот www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.