Грчкиот претседател негира постоење на македонско малцинство во Република Грција
Македонско меѓународно движење за човекови права - Соопштение за медиумите
Македонското Меѓународно Движење на Човекови Права ја поздравува изјавата на македонскиот претседател Бранко Црвенковски одговорајќи по изјавата на грчкиот претседател Каролос Папуљас кој изјави дека нема македонско малцинство во Грција. На 17 Мај, 2006, Папуљас изјавил: "Нема словенско малцинство во Грција, има само муслиманско малцинство кое ги ужива сите права.”
Црвенковски му одговорил: "Постоењето на етничко малцинство во една демократска држава не зависи од изјавите, погледите, или пораките од претседателот или премиерот на таа држава. Постоењето на етничко малцинство во демократска држава всушност зависи од индивидуалното чувство на секој жител на таа држава. Факт е дека во Република Грција постојат голем број на жители кои лично се чуствуваат како членови на македонската нација. Ова е факт кои сите, вклучувајќи ги и грчките авторитети, мора да го прифатат.”
На 20 Мај, 2006, владиката на Кожани, Северна Грција, Павлос, изјавил: "Само Грци живеат во географскиот регион на Македонија во Грција, ние немаме малцинства овде, и не признаваме постоеање на такви, не затоа што мораме, туку затоа што ги нема.”
Без разлика на овие изјави, грчката хајка на своите етнички малцинства е познат - Европскиот Суд за човекови права ја прогласи Република Грција виновна за прекршување на човековите права на македонското и турското малцинство.
ММДЧП ја повикува меѓународната заедница, и особено Европската Унија, да ги осуди изјавите на Каролос Папуљас и Владиката Павлос и да побараат Грција конечно да го признае големото македонско малцинство и да им ги дозволат сите човекови права кои се загарантирани со меѓународни закони.
Бил Николов, Претседател
Македонско меѓународно движење за човекови права
Адреса: 157 Adelaide St. West, Suite 434, Toronto, Canada M5H 4E7
Тел: 416-850-7125 Факс: 416-850-7127
Е-маил: info@mhrmi.org Вебсајт: www.mhrmi.org