Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
МНДЧП реагира на натписот во Тајмс во кој што Македонците се нарекуваат "Словени"

Тајмс одговара на македонските реакции за употребата на поимот "Словени".


Македонско меѓународно движење за човекови права - Соопштение за медиумите

Во статијата од 9 јули, 2006, "Поранешен боксер станува Премиер на Македонија", Ентони Браун го опишува македонскиот премиер Никола Груевски како "Словенски националист, поранешен боксер и аматерски глумец", го објаснува конфликтот помеѓу "словенското мнозинство и албанското малцинство", и објавува "Мир помеѓу Словените и Албанците во Македонија..."

Нема ниту една етничка група во Македонија што се нарекува "Словени". Македонскиот народ во Македонија се етнички Македонци. Употреба на било кој друг поим е навреда. Обидувајќи се да ја потисне вистината за постоењето на македонската нација и да го демантира своето големо македонско малцинство, Грција ги ословува Македонците како "Словени" и врши притисок и на други држави да ги поддржат. За жал, Тајмс ги имаат послушано. Се надеваме дека во иднина Тајмс нема да ја повтори истата грешка.

Бил Николов, Претседател
Македонско меѓународно движење за човекови права
Адреса: 157 Adelaide St. West, Suite 434, Toronto, Canada M5H 4E7
Тел: 416-850-7125 Факс: 416-850-7127
Е-маил:
info@mhrmi.org Вебсајт: www.mhrmi.org

--------------------------------------------------------------------------------

ИТНА АКЦИЈА - Тајмс Македонците ги нарекува 'Словени'

Изразете го вашето незадоволство до "The Times" за ословувањето на Македонците како 'Словени' и македонскиот премиер како 'Словенски националист'. Испратете го вашиот протест на следниве адреси:
anthony.browne@thetimes.co.uk
online.editor@timesonline.co.uk
letters@thetimes.co.uk
comment@thetimes.co.uk
foreign.news@thetimes.co.uk