Macedonian Human Rights Movement International
Разурнати македонски гробишта во Грција

Во селото Горно Пожарско (Ано Лутраки) воденска околија во Грција, пред еден месец биле разурнати старите македонски гробишта на црквата Св. Ѓорѓи и на нивно место била изградена нова грчка црква со исто име. Разурнатите гробишта датираат од пред 200-300 години и се одликуваат со кирилично писмо на надгробните плочи. Ова како што пренесува "Дневник" се вели во соопштението на Македонскиот национален совет кој се повикува на информаците од архимандритот Никодимос Царкњас. Македонскиот национален совет инаку најостро го осуди овој чин како тешка повреда на правата на Македонците во Грција и јавно ја изрази својата надеж дека надлежните институции во Македонија ќе реагираат кај грчките официјални претставници на соодветен начин.