Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
25-годишнина од македонската независност - ММДЧП бара почит за македонското име

Nezavisna Makedonija Македонското меѓународно движење за човекови права и' ја честита на Република Македонија 25-годишнината од нејзината независност. И притоа ги осудува сите влади во изминатите 25 години за апсурданите и контраверзни преговори за нашето вековно име.

ММДЧП го повторува своето барање Македонија веднаш да стави крај на преговорите за името и ги повикува сите македонски политички партии недвосмислено да најават дека се откажуваат од преговорите за името и од било какво учество во тие преговори.

ММДЧП постојано се се сретнува со претставници на влади од западните држави и според нив, причина што тие бараат Македонија да го смени своето име е токму фактот што Македонија продолжува да преговара за името. Македонијо, стави крај на тие преговори за своето име. Само на тој начин ќе се реши овој т.н."спор за името". Нашето име е Македонија. Светот веќе го прифати тоа име и барајте истото да го почитуваат.

Кампања: Нашето име е Македонија

www.mhrmi.org/OurNameIsMacedonia

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.