Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

СМК - Канада му честита на ММДЧП за успешното лансирање на кампањата „НАШЕТО ИМЕ Е МАКЕДОНИЈА"

22 септември, 2017

Read this page in English

Отпечати ја страницата

WMC Canada Светски македонски конгрес - Канада му честита на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) за успешното лансирање на кампањата "НАШЕТО ИМЕ Е МАКЕДОНИЈА" во Скопје, Битола, Тетово, а наскоро и во други градови низ Македонија, заедно со телевизиски и радио реклами, весници и онлајн пропагандни пораки.

Светски Македонски Конгрес – Канада сака да потсети дека на референдумот оддржан на 8-ми септември, 1991 година, со 75% од гласачите, огромно мнозинство од 95% гласаа за независна, слободна и суверена Македонија.

Името на државата содржи само еден збор – Македонија, така што никакви додавки или придавки не се дозволени. Македонците во светот бараат безусловен прекин на преговорите за името и членството во Обединетите Нации да продолжи под нејзиното уставно име – Република Македонија.

Цената за влез во ЕУ и НАТО не треба да бидат македонското име и македонскиот идентитет. Македонија мора да ги прекине преговорите за името, идентитетот и ДНК.

Ние сме Македонци, не Грци, не Срби, не Бугари, не Словени. Нашето име е Македонија.


###

Цели на Светскиот македонски конгрес - Канада се: (1) Заштита и афирмација на македонската етничка припадност, култура, јазик, историски и државен идентитет, континуитет, наследство и духовно и верско уверување; (2) Промовирање и поттикнување на почитување на човековите права и основни слободи за Македонците во сите делови на Македонија и во светот; (3) Заштита и афирмација на целите и принципите на Обединетите нации; (4) Промоција на билатерална соработка помеѓу Канада и Република Македонија за сите прашања од заеднички интерес.
За повеќе информации:
contact@wmc-canada.com, www.wmc-canada.com, twitter.com/WMCCanada.




 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting