Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 
ОМО „Илинден“ - ПИРИН: Понудениот договор за добрососедство е штетен

17 март, 2010

Read this page in English

Отпечати ја страницата

ОМО „Илинден“ - ПИРИН Република Бугарија на прво место треба ја признае македонската нација и јазик, затоа што овие реалности се главниот фактор за градење на добрососедските односи.

Ова се наведува во реакцијата на ОМО „Илинден“ - ПИРИН доставена до македонските медиуми во врска со предлозите за потпишување на нов договор за пријателство помеѓу Бугарија и Македонија.

„Изразувајќи потполна поддршка за добрососедството меѓу Бугарија и Македонија и надминување на говорот на омраза во медиумскиот простор, не можеме да не изразиме чудење па дури и револт од некои аспекти на предложениот нов договор од страна на нашата влада“, се наведува во реакцијата на ОМО „Илинден“ - ПИРИН.

Централниот совет на ОМО „Илинден“ - ПИРИН предупредува дека понудениот договор претставува подготовка за блокирање на членството на Македонија во евроатланските структури по примерот на Грција, па дури и на побеспринципиелен начин.

„Македонските организации во Бугарија се дело на македонското малцинство кое што живее тука, а не на македонската држава. Тие се создадени од државјани на Бугарија и не може Македонија да забранува на бугарски граѓани со македонско самочувство да постојат и да се организираат, ниту пак Бугарија може да го стори тоа“, се вели во писмото.

„Да се бара одговорност од Македонија за однесување на граѓани во Бугарија и со тоа да се заканува за вето за членството во ЕУ не е само барање за исполнување на невозможни услови, туку е изнудување на дел од бугарските граѓани да се откажат од борбата за своите права“, се вели во реакцијата.

Извор:
Новинска агенција Макфакс

 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting