Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

ММДЧП - Соопштение за медиумите

Информативен форум на ММДЧП со специјални гости од Грчкиот хелсиншки монитор и Групата за малцински права во Грција

12 октомври, 2009

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Панајот Димитрас Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада - Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП), во недела, 18 октомври 2009 година во 12:30 часот, во Македонската Православна Црква “Свети Климент Охридски“ во Торонто, ќе организира информативен форум.

Специјални гости ќе бидат портпаролот на Грчкиот хелсиншки монитор, Панајот Димитрас и портпаролот на Групата за малцински права во Грција, Нафсика Папаниколатос.

Почесните гости и ММДЧП ќе дадат најсвежи информации за моменталната состојба со човековите права на Македонците на Балканот, а најмногу ќе се фокусираат на проблемите во поглед на човековите права, со кои што се соочуваат Македонците во Грција. Акцент ќе биде ставен на неодамнешните извештаи од Обединетите нации и Советот на Европа за човековите права во Грција, вклучувајќи ја и нивната препорака за признавање на македонското малцинство и за укинување на дискриминаторските закони кои го оневозможуваат правото на враќање на имотите на Децата - бегалци, или соодветна компензација за нив.

Влезот е бесплатен. За донации од 100 долари или повеќе, ќе биде издадена сметка за донации во добротворни цели.

ММДЧП предвидува иднина каде Македонците, особено во Грција, Бугарија, Албанија, Србија и Косово, ќе бидат официјално признати и ќе можат да ги уживаат основните човекови права како што се слободата на говорот, слободата на здружување и собирање, и почитување на правото на самоопределување како Македонци, како што постојано и се препорачува од страна на Обединетите Нации и од Советот на Европа.

Најголемиот проблем со кој што во моментов се соочуваме е финансискиот. На Македонското меѓународно движење за човекови права му треба вашата поддршка, со цел да може да продолжи да им помага на Македонците во нивната борба за човекови права.

Ве молиме, дајте ни ја вашата поддршка со присуство на нашиот Информативен форум и разгледајте ги вашите можности за давање на месечна, годишна, или еднократна донација.

За повеќе информации, посетете ја нашата страница
www.mhrmi.org, или контактирајте не' на телефон 416-850-7125, или на емаил адресата info@mhrmi.org.

Однапред ви благодариме за вашиот интерес и поддршка.

 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting