Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 
 
Основање на фондација „Крсте Петков Мисирков“ во Грција

18 ноември, 2009

Read this page in English

Print this page

Крсте Петков Мисирков По повод 135 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков, Канцеларијата на Воденскиот комитет на Европска слободна алијанса - Виножито, политичка партија на македонското малцинство во Грција, има чест да информира за основањето на Фондација која ќе го носи името на овој великан.

Целите на Фондацијата „Крсте Петков Мисирков“ ќе бидат следните:

• Поттикнување на свесноста на Македонците во Грција за животот и делото на Мисирков.
• Организирање на дискусии, семинари и трибини во врска со животот и делото на Мисирков.
• Преведување на грчки јазик и издавање на сите негови дела.
• Отворање на музеј и образовен центар во чест на името на Мисирков, во регионите на Централна и Западна Македонија.
• Подржување на асоцијации во Грција, кои ја развиваат македонската култура.
• Подржување на напорите за одржување и развој на македонскиот јазик во Република Грција.

Основањето на „Фондацијата Крсте Петков Мисирков“ во Воден, на само неколку дена од отворањето на Воденската канцеларија на ЕСА –Виножито, е израз на силната волја и посветеност на Македонците од градот Воден и регионот на Централна Македонија, да се борат за своите етнички, културни и политички права во Грција. Во градот Воден живее огромен број на Македонци и луѓе кои го говорат македонскиот јазик, а тој претставува и природен економски и културен центар на повеќе градови во регионот Централна Македонија, во кои е сконценриран голем број на македонското население. ЕСА-Виножито смета дека овој актуелен развој во градот Воден и поширокиот регион на Централна Македонија е само почеток на еден поширок процес на покревање на културната, јазичната и политичката еманципација на Македонците во овој регион.

Крсте Петков Мисирков беше роден на 18 Ноември 1874, во селото Постол/Пела, Отоманска империја (денешна Грција). Беше филолог, реформатор на стандардниот македонски јазик, историчар, етнолог, публицист и автор на првата книга и списание на стандардниот македонски јазик. Најпознатото дело на Мисирков е книгата ,,За македонцките работи“, која беше издадена на 1903 год.

 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting