Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Грција да се откаже од оспорување на македонското малцинство, се препорачува во Извештај на ОН

5 март, 2009

Read this page in English

Види го оригиналниот Извештај овде

Отпечати ја страницата

United Nations Грција треба да се откаже од оспорувањето на постоењето македонско и турско малцинство на нејзина територија и да се фокусира на заштита на правата на самоопределување, слободата на изразување и на здружување на овие заедници.

Тоа се препорачува во Извештајот на независниот експерт за малцински прашања на Обединетите нации Геј МекДугал, изготвен од посетата на Грција од 8 до 16 септември 2008 година, посветена на промовирање на имплементацијата на Декларацијата за правата на човекот.

Според МаекДугал, правото на заштита на овие заедници како малцинства мора да биде почитувано во согласност со Декларацијата за малцинства и основните меѓународни договори за човекови права. Од Грција се бара и целосно да ги спроведе одлуките на Европскиот суд за човекови права особено оние со кои на здруженијата треба да им се овозможи употреба на зборовите „македонски“ и „турски“ во нивните имиња, како и за слободно изразување на нивниот етнички идентитет.

Посебен дел од Извештајот се однесува на малцинставта во регионот на Лерин. МекДугал наведува дека грчката Влада не признава постоење на македонско етничко малцинство во тој дел на Грција, ниту постоење на македонски јазик иако кај тамошното население се забележливи лингвистички варијации различни од грчкиот јазик.

Став на официјалната грчка политика е дека митот за македонската нација е создаден во времето на Тито поради експанзионистички причини кон грчкиот дел на Македонија. Владата не дозволува никаква употреба на македонскиот јазик и на културни активности кои се идентификуваат како македонски. Во последно време се забележува попуштање на тврдата политика што ја применуваа грчките власти кон оние што се идентификуваа како етнички Македонци, но се уште постојат такви случаи. Луѓето во тој дел на Грција кои се идентификуваат како Македонци инсистираат да биде признаен нивниот етнички и јазичен идентитет, стои во Извештајот.

МекДугал забележува и дека во 20-30 години од минатиот век биле менувани негрчките имиња на градовите, селата и планините, како и семејните имиња на луѓето кои зборувале македонски. Старите семејни имиња сепак не се исчезнати и многу често денес, се наведува, луѓето ги користат паралелно со грчките имиња.

Претставници на македонското малцинство се жалат, стои во Извештајот, дека немаат право на здружување и политичка активност, а се жалат и на дискриминаторските грчки закони кои се однесуваат на илјадниците луѓе кои ја напуштија Грција за време на Граѓанската војна и на кои им беа одземени државјанствата и имотите. Посебно се акцентира Законот од 1982 година во кој е наведено дека „право да се вратат во Грција имаат само Грците по род кои ја напуштиле земјата за време на Граѓанската војна како политички бегалци“. Овој закон не им ги дава истите права на луѓето кои се идентификуваат како етнички Македонци. Луѓето кои се изјаснуваат како Македонци не можат ниту да ги посетат своите некогашни домови во Грција. МекДугал во Извештајот пишува и дека имала средби со луѓе кои се декларираат за Македонци и кои зборуваат македонски. Тие генерално искажувале страв јавно да го искажат својот идентитет иако признаваат дека ситуацијата е подобрена, но се уште има „мека дискриминација“.

Во извештајот на независнот експерт се наведува дека Грција признава само муслиманско религиозно малцинство во Северна Тракија, но оти таков статус не им се признава и на другите заедници во државата, бидејќи, како што се посочува, Владата е убедена дека тврдењата за постоење на други малцинства се неосновани и политички мотивирани. Грција признава само дека мал број луѓе зборуваат словенски дијалект кој е сличен со јазикот што се зборува кај северниот сосед.

За време на престојот во Грција МекДугал посетила различни региони и разговарала со високи владини претставници и јавни службеници на национално и регионално ниво, а остварила средби и со претставници на цивилното општество, религиозни лидери, академици и претставници на заедниците. Независниот експерт ги разгледува прашањата исклучиво поврзани со домашното законодваство во однос на третманот на малцинствата и групите во земјата. Нејзиното внимание е фокусирано на степенот на кој легислативата, политиката и практиката се во согласност со обврските произлезени од меѓународните човекови права, вклучувајќи ги малцинските права кои се регулирани и со билатерални спогодби и договори.

Во Извештајот се нотира и дискриминацијата кон Ромите во Грција. Независниот експерт на ОН констатира недостиг од основни услови за домување кај ромската заедница и постоење на сегрегацијата на ромските деца во образованието. На Владата во Атина и се препорачува засилени напори за спроведување на Акциска програма за Ромите во општините кои подложни на локалните предрасуди, ги игнорираат и не ги спроведуваат.

Извор: МИА

 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting