Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Грција повторно критикувана за непочитување на македонското малцинство

19 февруари, 2009

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Томас Хамамберг Грција не ги почитува правата на малцинствата, одбива да признае дека во земјата постои друго малцинство освен муслиманското, а и тоа се соочува со отсуство на основни социјални услуги.

Ова е заклучокот од извештајот на комесарот за човекови права при Советот на Европа, Томас Хамамберг, што денеска е објавен во Стразбур.

Во текстот, базиран на посетата на комесарот на Грција во декември минатата година, се изразува длабока загриженост за премногу рестриктивната пракса на грчките судови, која што спречи регистрација на одредени малцински организации.

„Властите треба итно да овозможат малцинствата да го уживаат нивното право на слобода на здружување“, препорачува Хамемберт.

Тој нотира дека и покрај непризнавањето на ниту едно друго национално или јазично малцинство, грчките власти признаваат дека во северна Грција постои „мала група на лица кои без ограничувања, покрај грчкиот јазик, користат словенски идиоми во рамки на семејството или при неформални разговори“. Според властите, оваа „Словенско ориентирана група на грчки граѓани во грчкиот регион од Македонија, слободно учествуваат преку нивната политичка партија во парламентарните избори во Грција“.

Комесарот додава дека за време на изборите за Европскиот парламент од 2004 година, оваа партија („Европска слободна алијанса- Виножито“), со седиште во Лерин, освои 6.176 гласа, што претставува 0,10 проценти на национално ниво.

На крајот од својот извештај, Хамемберг бележи дека Грција, како и другите членки на Советот на Европа, е традиционално плурално општество.

„Постоењето на малцинствата без разлика дали се национални, религиозни или јазични, треба да се смета како главен фактор не на поделба, туку на збогатување на грчкото општество“, потенцира комесарот.

Извор: Макфакс

 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting