Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

ММДЧП - Соопштение за медиумите

ММДЧП ја поздравува одлуката на ОН
да испрати во Грција независен експерт за етнички малцинства


14 септември, 2008

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Обединети нации Македонско меѓународно движење за човекови права - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада - Независниот експерт на ОН за етнички малцинства, г-ѓа Геј Мекдугал денес пристигна во Лерин, Северна Грција за да се запознае со проблемите на малцинствата и да се сретне со членовите на Виножито кои што го претставуваат македонското малцинство во Грција.

Посетата на претставникот од ОН доаѓа како одговор на писмото од Премиерот на Република Македонија, г-дин Никола Груевски кој побара од меѓународните организации да ја проучат положбата во која што се наоѓаат етничките Македонци и другите малцинства во Грција.

“ММДЧП уште еднаш изразува благодарност за премиерот Никола Груевски кој што продолжува да ги актуелизира проблемите со грчкото малтретирање на нејзиното македонско малцинство“, изјави претседателот на ММДЧП Бил Николов.

Грција денес претпладне реагираше со затворање на македонско-грчката граница. Грчкиот министер за надворешни работи Дора Бакојани објави дека лично ќе се сретне со експертот од ОН и се очекува таа да го изрази официјалниот грчки став дека тие се единствената држава во Европа без малцинства.

ММДЧП ги повикува сите меѓународни организации за човекови права да ги проучат состојбите, да известуваат за нив и да го набљудуваат третманот кој што го имаат македонското и другите малцинства во Грција, согласно со законите за меѓународни човекови права.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. За повеќе информации, посетете го сајтот www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.

 
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting