Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


Грчкиот претседател негира постоење на македонско малцинство во Грција

21 мај, 2006

Read this page in English


Македонско меѓународно движење за човекови права - Соопштение за медиумите

Македонското Меѓународно Движење на Човекови Права ја поздравува изјавата на македонскиот претседател Бранко Црвенковски одговорајќи по изјавата на грчкиот претседател Каролос Папуљас кој изјави дека нема македонско малцинство во Грција. На 17 Мај, 2006, Папуљас изјавил: “Нема словенско малцинство во Грција, има само муслиманско малцинство кое ги ужива сите права.”

Црвенковски му одговорил: “Постоењето на етничко малцинство во една демократска држава не зависи од изјавите, погледите, или пораките од претседателот или премиерот на таа држава. Постоењето на етничко малцинство во демократска држава всушност зависи од индивидуалното чувство на секој жител на таа држава. Факт е дека во Република Грција постојат голем број на жители кои лично се чуствуваат како членови на македонската нација. Ова е факт кои сите, вклучувајќи ги и грчките авторитети, мора да го прифатат.”

На 20 Мај, 2006, владиката на Кожани, Северна Грција, Павлос, изјавил: “Само Грци живеат во географскиот регион на Македонија во Грција, ние немаме малцинства овде, и не признаваме постоеање на такви, не затоа што мораме, туку затоа што ги нема.”

Без разлика на овие изјави, грчката хајка на своите етнички малцинства е познат – Европскиот Суд за човекови права ја прогласи Република Грција виновна за прекршување на човековите права на македонското и турското малцинство.

ММДЧП ја повикува меѓународната заедница, и особено Европската Унија, да ги осуди изјавите на Каролос Папуљас и Владиката Павлос и да побараат Грција конечно да го признае големото македонско малцинство и да им ги дозволат сите човекови права кои се загарантирани со меѓународни закони.

Бил Николов, Претседател
Македонско меѓународно движење за човекови права
Адреса: 157 Adelaide St. West, Suite 434, Toronto, Canada M5H 4E7
Тел: 416-850-7125 Факс: 416-850-7127
Е-маил: info@mhrmi.org Вебсајт: www.mhrmi.org

     
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting