Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
ММДЧП и АМКЧП бараат враќање на сите оригинални македонски имиња на населените места во Мала Преспа и Голо Брдо

Opshtina Pustec Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија (19 март, 2013) - После долгоочекуваната одлука на албанскиот парламент да го врати оригиналното македонско име на селото Пустец, Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Австралиско-Македонскиот комитет за човекови права (АМКЧП) бараат враќање на сите македонски имиња во регионите на Мала Преспа и Голо Брдо во Албанија. Албанската влада претходно го смени името на Пустец, употребувајќи го албански името "Лиќенас", во обид да го потисне македонскиот идентитет во регионот.

Албанија исто така мора веднаш да стави крај на прогонот врз своето големо македонско малцинство и да овозможи Македонците да имаат настава на македонски јазик во сите степени на образование и во целата земја, а не само во "малцинските региони".

Иронијата да биде поголема, Грција и Бугарија кои што се членки на Европската Унија, продолжуваат со целосно негирање и бесрамно прогонување на своите македонски малцинства. Сто години по судбоносната поделбата на Македонија во 1913 година, Бугарија и Грција сe уште се обидуваат да го искоренат македонскиот идентитет, без страв од реперкусии од Европската унија. Грција, на пример, насилно ги менуваше имињата на целиот македонски народ и топоними во Грција во 20-тите години од минатиот век, и секој обид за враќање на личните имиња на Македонците е спречен од страна на грчката влада.

ММДЧП и АМКЧП бараат од ЕУ да извршат притисок врз своите земји-членки да ги почитуваат човековите права, согласно обврските од меѓународното право. Исто така, како што употребата на двојни имиња во другите земји од ЕУ стана вообичаена појава, ММДЧП и АМКЧП бараат од ЕУ да го промовира и овозможи користењето на оригинални македонски имиња на села и други топоними во Бугарија и Грција.


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.

Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете ја www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на info@macedonianhr.org.au или на телефон +61 3 93298960.