Соопштение за медиумите
Соопштение за медиумите
ММДЧП и АМКЧП ја осудуваат македонската влада заради продолжување на преговорите за името
Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија (18 јануари, 2011) - На 15 јануари, Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун изјави "За мене претставуваше задоволство да се види динамиката која што беше создадена минатата година преку директен дијалог помеѓу премиерите на Грција и БЈРМ. Сега е време да се придвижиме кон одлуки кои ќе го решат ова прашање."
Употребата на "БЈРМ" следуваше по отстранувањето на поимот "македонски јазик" во Обединетите нации и во последниот извештај на Европската комисија во кој што наместо македонски јазик се употребуваше терминот "државен јазик". Македонија мораше да бара корекции.
Говорејќи за овој проблем, амбасадорот на Европската унија Ерван Фуере изјави, "ЕУ не е инволвирана во менување на идентитетот на лицата. Идентитетот е нешто свето и за тоа не треба да се преговара."
Се наметнува прашањето, зошто ЕУ бара од Македонија да го промени своето име за да стекне членство?
И што е уште поважно, какво оправдување може да понуди македонската Влада за тоашто преговара за своето име?
САД и Западна Европа континуирано бараат од Македонија да најде "решение" за спорот со името. Единствената причина е токму во фактот што Македонија со продолжување на бесмислените преговори ја потврдува својата волја за компромис.
131 земји ја признаа Македонија, вклучувајќи и четири од петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН. ММДЧП и АМКЧП во својата кампања "Нашето име е Македонија" истакнуваат дека нашата држава ја добива битката, "Ние победуваме. Ние имаме сили да му ставиме крај на ова. Стоп за преговори за нашето име".
Кампањата "Нашето име е Македонија", со која што се бара од Македонија да ги прекине сите преговори со Грција околу името, вклучува и поставување на билборди низ цела Македонија, реклами во печатените и интернет изданијата на главните весници, телевизиски реклами, прес конференции, радио интервјуа и дистрибуција на стотици илјади флаери низ целата земја.
Ова е исклучително важно прашање со кое што се соочуваат Македонија и Македонците. Како можете да помогнете?
•Контактирајте ги македонските владини претставници и побарајте итен прекин на преговорите. Контакт информации ќе најдете на страницата нашето име е Македонија.
•Регистрирајте се во кампањата, како поединец или организација, со посета на www.mhrmi.org/our_name_is_macedonia
•Секој македонски веб-сајт треба да има банер од "Нашето име е Македонија" - www.mhrmi.org/our_name_is_macedonia/web
•Промовирајте ја кампањата во македонските заедници во светот. За рекламната кампања, постери или повеќе информации, Ве молиме контактирајте не'.
•Барајте поддршка од меѓународната заедница. Ние ќе ви обезбедиме контакт информации за владините претставници и медиумите.
•Донирајте во Фондот за човекови права, во ММДЧП (www.mhrmi.org/donation.asp) или во Фондот за поддршка на малцинствата, во АМКЧП (www.macedonianhr.org.au/03getinvolved)
Тишината не е опција. Нашето име е Македонија.
###
Основано во 1986 година, Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи. За повеќе информации, посетете ја www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на 416-850-7125 или info@mhrmi.org.
Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на macedonian_rights@hotmail.com или преку +61 3 93298960.